Вжештени линиите на „Ало Докторе" - за што најчесто се бара совет?

На телефонската линија 15123 Ало докторе во изминативе два дена се јавиле вкупно 441 лице.

Во изминатите два дена од вкупниот број лица кои се јавиле на Ало докторе, на тројца граѓани им било укажано да ја повикаат Итната медицинска помош.

Во најголем број јавувањата се за совет во врска со фебрилни состојби и настинки, притисок, главоболки и кардиоваскуларни симптоми.

Денес на дежурство во кол центарот на Ало докторе од 18 до 22 часот ќе биде проф. др. Александар Шиколе, директор на Клиниката за нефрологија.

17.10.2014 - 09:54


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега