Докторка од Клиниката за детски болести со 7.352 прегледи за една година

Податоците во националниот систем за закажување прегледи МојТермин покажуваат дека најмногу реализирани прегледи во период од една година има д-р Маја Ивановска, педијатар од Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Таа во периодот од 1.10.2013 до 30.09.2014 година има реализирано 7,352 прегледи. Во истиот тој период, докторката имала 299 работни денови (со вклучени дежурства и повици). Според реализираните прегледи, податоците покажуваат дека докторката просечно прегледувала по 24 пациенти на ден.

Втора на листата е д-р Андријана Јаневска-Трпковска, интернист од ПЗУ Интермед–Плус, која во истиот овој период прегледала 5,532 пациенти. Докторката имала 237 работни денови и просечно прегледувала по 24 пациенти на ден.

 

17.10.2014 - 09:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега