Пишев: ВМРО-ДПМНЕ е јак и кога има криза, а СДСМ слаб и кога нема криза

Денеска дискутираме за најстратешкиот документ за државата, носењето буџет дефинитивно е многу сериозна и одговорна  работа, бидејќи таму се проекциите и визиите како ќе се развива државата, нејзината економија, нејзините институции, најзината внатрешна и надворешна политика. Тоа е документ со кој ние гледаме какво утре ќе имаат нашите граѓани, нашите деца или едноставно кажано, во еден збор, буџетот е материја со која се проектира иднинта на државата, истакна од собраниската говорница денска пратеникот Васил Пишев.

Тој истакна дека во буџетот има проекции која го засега секој граѓанин, секој пензионер, секој студент, секој административец, секој земјоделец, стопанственик и така натаму.

-Во  мојот говор сакам да ја потенцирам одговорноста, односно неодговорноста на некои политички чинители во Македонија кога се работи за документ каков што е буџетот, и оттаму сакам да посочам кој и колку е релевантен да збори за развојот на Македонија, бидејќи тоа е важно да го знаат македонските граѓани од оваа говорница, речеПишев.

Тој посочи неколку микроекономски примери, посочувајќи дека зборот каптитални инвестиции, не значи само колку пари ќе се насочат кон еден автопат или зграда, стадион, плоштад, болница или училиште, бидејќи  како што истакна, за да се изградат сите овие работи потребно се големи количини на бетон, железо, песок, многу работници, многу камиони и многу плати, а тоа пак значи голема одговорност во самите проекции во буџетот.

-Растот на индустријата, на градежништвото, работата на рудниците, на каменолмите, на сепарациите, на компаниите кој произведуваат бетон, железо, песок, цимент, текстил и слично, дирекно и индирекно е поврзано со проекциите за буџетот.за инфраструктурниот развој на слободните економски зони во Македонија кои слушаме од релевантини институции дека се едни од најдобрите во европа, исто така треба добро проектиран буџет. За реформираните институции како што се централниот регистар или катастарот кои слушаме од релевантини институции дека се едни од најдобрите во регионот, исто така треба добро проектиран буџет. Да бидеш една од најниско задолжените земји во европа, односно, да бидеш една од земјите со најголем економски раст во Европа, исто така е важно да имаш добро проектиран буџет. За покачување на платите, пензиите, социјалните придонеси и за субвенциите исто така е потребен солидно проектиран буџет. За мерката за отпис на долговите на граѓаните кој беше ветен  во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а за кој пишуваа сите регионални медиуми, исто така е резултат на добро проектиран  буџет, потенцираше Пешев.

Посочи дека државниот буџет е за сите граѓани, и затоа сите политички чинители треба да учествуваат во проектирањето и донесувањето на него.

-Овој буџет е развоен, и не поминуваат бледите изјави на кавази експерти дека тој бил само социјален.но, поентата и ми е зошто опозицијата не е тука да учествува во оваа дебата!? Се носи документ за раст и развој на државата и на сите граѓани во неа. Дали некој се сеќава во овој период кој е актуелен по дискусиите и јавната расправа за буџет, лидерот на опозицијата, или самата СДСМ да каже или предложи некој проект, дали седнале барем 5 минути и се потрудиле да размислат, да се намачат, да се испотат барем 5 минути и предложат некој суштински, развоен и издржан проект?. Толку од нивната грижа за развојот на државата, каде што потенцирам сите треба да учествуваат, доаде тој.

Тој истакна дека кој колку работи гледаат и оценуваат граѓаните.

-Една дебата, едно стручно мислење, еден предлог проект не слушнав од сдсм за буџетот за 2015 година, толку ли се незаинтересирани? Каква ли е таа неодговорност спрема сопствените граѓани, стопанствениците, земјоделците, студентите, учествуваат ли со барем еден проект за подобро утре, немојте да мислите дека ја злоупотребувам говорницава за да ја нападнам опозицијата која не е присутна тука. Туку не можам да се изначудам колкава е таа дрскост и непочит кон институциите, и колкава е само таа себичност да не можеш да смогнеш сили и да се вратиш во парламентот заради интересот на своите граѓани. простете, но јас не можам да си го објаснам тоа, нагласи Пишев.

Тој потсети на црните сценарија од 24 декември и желбата да се спречи носењето на буџетот со изговор дека на Македонија тогаш и се закануваше банкрот. Нагласи и дека тогаш стигна демант од народот на избори, стигна демант од светска банка и ммф дека на македонската економија добро и оди, и тогаш и денес.

-За растот на една економија во контиунитет, и тоа како се важни и предходно проектираните буџети и идните. затоа, кој голо критикува без аргументи тој е и гола вода. Ги гледам СДСМ во овој период со зачестени интервјуа и изјави, на повеќе телевизии и портали бидејќи нели има ``медиумски мрак``, и освен веќе излишани фрази и приказни, едно ``б`` за буџетот не кажаа . За се и сешто зборат, но кога треба да седнат да сработат нешто, да предложат нешто, да смислат нешто паметно никаде ги нема. Една суштинска работа за растот на економијата или за растот на вработеноста не кажаа. Ние дискутираме за буџет, или за предлози и закони кои ги засегаат сите граѓани, а СДСМ ги нема. Тие бараат само техничка влада, рече тој.

Пишев додаде дека народот не сака многу техничи изговори, туку  сака макотрпна работа.

-Јас нема да се спротиставам на тоа со тези од владата, од народната банка, или од државниот завод за статистика, туку, ќе се спротиставам на нивните приказни со факти и аргументи од ММФ, од Светска банка, Европската инвестициона банка и од ЕК. СДСМ овие институции порано од уста не ги вадеше, бидејќи таа нели македонските институции не ги признава кога не е на власт, рече тој.

Нагласи дека Р.Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа, дека во двата последни квартала е земја со најголем економски раст во Европа,  дека Македонија на балканот и во регионот има убедливо најголем економски раст,  дека македонскиот извоз во споредба со лани е драстично повеќекратно зголемен, дека невработеноста се намалува, а растат платите, пензиите и социјалните придонеси.

-Ова се проверени факти и аргументи и секако се состојби како  резултат на добро проектирани буџети. Во Европа, соседството и регионот растот на економијата е доведен во прашање, големите економии како германија и Италија, Франција се пред рецесија или стагнираат. Многу земји ги преструктуираат своите буџети на сметка на платите, пензиите и капиталните инвестиции,секако тоа не е добро и за македонската економија, бидејќи таа е интерактивна и зависна од овие економии. Но има една многу силна поента во сето ова, бидејќи способноста на една држава се мери и се гледа и кога е тешко и кога е криза. Едно е јасно, перфомансите на македонската економија, нејзиниот раст на БДП, растот на вработеноста, растот на  капиталните инвестиции, растот на платите и општиот стандарт на граѓаните се случува во време кога сеуште се чуствуваат последиците од најголемата светска економска и должничка криза, рече Пишев.

Ова, рече тој, е е резултат на визија, на стратегија, и на желба да се успее во овие тешки времиња.

-Моево излагање ќе го завршам со неколку прашања, кои ја содржат суштината околу релевантноста и моралноста за дискусијата каков е буџетот денеска. Прашувам колкава беше невработеноста во времето на СДСМ, а не постоеше светска криза, колкав беше економскиот раст на македонија кога беше СДСМ на власт, а немаше светкса криза, колкави беа платите, субвенциите, капиталните инвестиции  кога СДСМ беше на власт, а немаше светска криза и колкав беше економскиот раст, и колку платите беа  зголемени кога СДСМ беше на власт, а немаше светска  криза? Од овие прашања може да произлезе и следниов заклучок. ВМРО-ДПМНЕ е јак и кога има криза, а СДСМ е слаб и кога нема криза. Тоа е стил на работа и концепт, за тоа колку се грижиш за Македонија и нејзините граѓани, заклучи Пишев.

16.10.2014 - 17:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега