ФОТО: Чудо или грешка во Сплит: Ромка доби бело бебе со сини очи
Дали е можно во сплитското породилиште да ги замениле бебињата? Ромското семејство Османовиќ се сомнева токму на тоа.
Не сакаме никого да обвиниме, ниту докторите, ниту сестрите, но имаме одредени сомневања и сакаме да ги разјасниме. Ние сме Роми и имаме темна кожа, а бебето што ни го дадоа во породилиштето е со светла кожа и со сини очи. Затоа се сомневаме дека можеби дошло до забуна. – вели Авдија Османовиќ (47), чија сопруга Вера Халиловиќ (24) на 5 мај годинава родила девојче со царски рез. Девојчето било тешко 4 480 грама, а долго 56 сантиметри. И го дале името Франческа.
-Не се сеќавам дали после породот ми дадоа да го видам бебето. – рекла мајката која кога отишла да го види бебето инстинктивно тргнала кон едно бебе со потемна кожа, но сестрата ја запрела и и рекла дека тоа не е нејзино бебе.
Тие знаат дека за да се утврди дали тоа е нивно бебе може да само со анализа на ДНК, но немаат пари за тоа.