„Срцето ми се кине за нероденото дете" - семејството на удавената тетовчанка скршено од болка

Kолку што ми е жал за Сабина, уште повеќе жалам за нашето дете! Со овие зборови Зулхан Алити, сопруг на трагично загинатата Сабина, која беше пронајдена мртва во водите на реката Вардар ја раскажува својата трагична приказна.

Влечките што ги носела младата несудена мајка дента пред да се случи трагедијата се оставени веднаш до брегот на реката Вардар. Тие немо сведочат за трагедијата што завчера се случи во тетовското село Сарачино, кога дваесет и едногодишната Сабина беше пронајдена мртва. С` уште официјално не знаат дали доживеала несреќа, дали самата се фрлила во реката или некој ја турнал. Трагедијата да биде уште поголема, младата Сабина била во петтиот месец од бременоста, пренесе Дневник.

- Работам како аргат, колку нешто да заработам и затоа завчера вечер дојдов доцна од работа. Сабина ме пречека, а јас отидов да се измијам. Откако се измив, побарав Сабина да ми ја даде облеката, но не ми се јави. Ми се јави брат ми, кој рече дека Сабина ја нема. Мене ме фати паника, каде можела да отиде - вели сопругот на Сабина, Зулхан Алити и додава дека ја барале секаде.  Цела ноќ ја баравме, до 4 часот изутрина, но не ја најдовме. Утредента со соседите Мартин и Џеваир продолживме да ја бараме по реката. Мартин прв ги забележа нејзините влечки до брегот, веднаш под нашата куќа. Телото ~ го најдовме во близина на еден голем трупец, во средината од реката. Тука водата е поплитка и телото тука застанало.

Неговиот брат Муамет бил еден од тие што го извадиле телото на Сабина од водата.

- Покрај неа имаше најлон, а околу телото трева. Мислам како да сакала во последен момент да се фати за нешто и да се извлече од водата. Веројатно тоа биле нејзините последни движења - рече Муамет Алити.

Сабина со Зулхан била во брак околу четири месеци: - Мирна невеста беше, со никого не беше скарана, секогаш насмеана, абе уста има, јазик нема. Сите ја сакавме. Kолку што јас знам, немаше проблем ни со мажот ни со свекрвата, ниту со соседите. Со сите добро живееше. Велат дека била загрижена поради татко ~, кој неодамна заминал во Германија. Сакала и таа да оди таму, но не можела да извади пасош. Но, не знам што да кажам, таква ~ била судбината - вели нивниот прв сосед Тодор Трајковски.

15.10.2014 - 09:45
Фото: 
дневник


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега