ПОБРЗАЈТЕ: Да гласаме - Скопје во трка за најдобро осветлен град

Осветлувањето на објектите од проектот „Скопје 2014“ е номинирано за наградата и тоа во конкуренција со Лион од Франција, Толедо од Шпанија, Пула од Хрватска, Сеул од Kина и други. Може да гласа секој граѓанин на веб-страницата www.peoplechoiceaward.eu.

Наградата The city.people.light на People Choice Award ги наградува урбаните проекти кои имаат најдобро осветлување, кое покрај визуелната убавина подразбира и одржливост и оживување на урбаниот простор.

Номинирани се градови низ целиот свет, а Скопје засега се наоѓа на 2-то место со 10.558 гласови. Според организаторите, новата светлина го вратила идентитетот на центарот на Скопје, кој бил изгубен по земјотресот во 1963 година.

Гласањето уште трае. Можете да гласате на следниов ЛИНК. 

 

14.10.2014 - 13:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега