ФОТО: Директен удар врз христијанството- знаме на ИД се вее над Ватикан

ИД во својот пропаганден магазин Дабик објави директна закана до срцето на христијанството, Ватикан. На насловната се прикажани Рим и Ватикан на кои се веат знамиња на самопрогласениот калифат.

Инаку списанието е именувано по сирискиот град каде во 1516 година е воспоставен првиот исламски Калифат.

Во пропагантнтниот магазин, се повикуваат сите муслимани да ги нападнат и убијат сите христијани што ќе ги сретнат.

Се додава и дека е оправдано киднапирањето жени невернички кои би се користеле како сексуални робинки.

На насловната под наслов „Пропадна крстоносната војна“ е објавена фотомонтажа на големиот обелиск на Плоштадот Свети Петар, на чиј врв виори црното знамена калифатот.

Во текстот се цитира и Билал Босниќ, најистакнатиот вехабија на подрачјето на БиХ, кој од пред неколку недели е приведен во рамки на акцијата „Дамаск“. Тој ветува дека екстремистите ќе го донесат калифатот во срцето на христијанството па макар тој и да не е жив да го види тоа.

- Целиот свет ќе биде Исламска држава. Наша цел е и Ватикан да стане муслимански, рекол тој.

Папата Француск наводно е една од целите на џихадистите затоа што го сметаат за „лажен пророк и предводник на неверниците“. Од Ватикан уште минатиот месец соопштија дека е засилено обезбедувањето поради се почестите закани.

14.10.2014 - 11:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега