Лекар на ОН почина од ебола на клиника во Германија

Лекар вработен во Обединетите нации кој се заразил со ебола додека работел во Либерија, почина на клиника во германскио град Лајпциг во која се лекувал.

- Пациент заразен со ебола почина ноќеска на клиниката Св. Георг во Лајпциг. И покрај интензивните мерки за лекување и максималните напори на лекарите и медицинскиот персонал, 56-годишниот работник на ОН и подлегна на смртоносната болест, се вели во соопштение од Клиниката.

Починатиот лекар чиј идентитет не е откриен стигнал во Германија минатата недека и е трет заболен од ебола кој се лекувал во таа држава.

14.10.2014 - 10:48


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега