Украина доби нов министер за одбрана

 

Украинскиот Парламент денеска го потврди именувањето на командантот на Националната гарда Степан Полторак за нов министер за одбрана.

Претседателот Петро Порошенко вчера ја предложи кандидатурата на Полторак.

Досегашниот министер за одбрана Валериј Хелетеј поднесе оставка во неделата, откако беше подложен на остри критики за загубите нанесени на украинската армија од проруските бунтовници во источниот дел на земјата на крајот на август.

14.10.2014 - 10:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега