Вугринец се сели во Вардар?

 

Новопечениот македонски репрезентативец Ренато Вугринец е поврзуван со трансфер во редовите на лутиот ривал Вардар, со што вториот најдобар стрелец во ЛШ минатата сезона би бил последниот дел од мозаикот на „црвено-црните“ за атак на место на фајналфор турнирот во Келн, пишува спортскиот портал ЕКИПА.

Шпекулациите за заминувањето на Вугринец од Автокоманда се подгреаја откако десниот бек се најде на списокот на Лино Червар за патници за Белорусија и Хрватска, но сепак во последен момент реши да не патува со „металурзите“ на овие значајни дуели.

Доколку Вугринец се најдеше во официјалниот записник на барем еден од овие натпревари, тој во случај на трансфер ќе немаше право за настап во Лигата на шампионите во својот нов клуб.

-Неофицијалните информации велат дека за Вугринец многу поинтересна е опцијата за трансфер во редовите на Вардар. Така тој би бил дел од далеку поамбициозен состав од францускиот прволигаш Данкеркк, а воедно и би останал во Македонија, каде со извонредните настапи во дресот на Металург стана еден од најпопуларните спортисти во нашата држава. Воедно, Вардар би добил одлично засилување на единствената позиција каде засега има само еден врвен играч (Алекс Душебајев), и адут плус во битката за највисок пласман во групата, пишува Екипа.

Споре порталот, неофицијално, Вугринец се обидува да издејствува раскин на договорот сличен на оној на Дарко Станиќ од минатата седмица, но важна разлика е што во случајов Металург не сака воопшто не сака да се раздели од Словенецот, што не беше случај со српскиот голман. 

14.10.2014 - 10:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега