Белград станува Брисел на четири дена - прочитајте за што станува збор

Четвртиот Белградски модел на Европската унија, БЕУМ 2014, кој ќе се одржи од 15 до 19 октомври во српското Собрание ќе собере повеќе од 200 студенти од повеќе од 40 земји.

Судентите ќе симулираат седница на Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европскиот совет на теми посветени на органската храна, корупцијата и проширувањето на Западен Балкан, следејќи ги процедурите, кои се користат на вистинските седници на овие институции.

БЕУМ 2014 настојува српските студенти да се поврзат со колегите од целиот свет, заземајќи поактивна улога на европски функционери и на англиски јазик дискутрирајќи за наведените теми, со цел да постигнат консензус и на тој начин да стекнат знаење за тоа како функционираат институциите на ЕУ. 

Проектот е поддржан од Собранието на Србија, Градот Белград, Асоцијацијата Брингинг Јуропеанс тугедр и други организации. 

14.10.2014 - 09:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега