Предупредување за цунами во Салвадор, Хондурас и Никарагва по силниот земјотрес

Предупредување за „опасни бранови цунами“ во Салвадор, Хондурас и Никарагва беше издадено по земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтер во близина на Салвадор.

Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами, го определи како ризичен реонот во радиус од 300 километри од епицентарот на силниот потрес.

Жителите на крајбрежните реони беа посоветувани да се евакуираат.

Претходно центарот соопшти дека нема опасност од разорувачки плимни бранови.

Засега нема податоци за настрадани и нанесена материјална штета, соопштија салвадорските власти.

Епицентарот на потресот бил на мала длабочина, само на девет километри под океанското дно.

14.10.2014 - 09:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега