Проклет автопат: На местото каде Хаџихафизбеговиќ прегази пешак загина и Тоше Проески

На истото место каде познатиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ доцна синоќа на автопатот А3 во близина на Загреб прегази жена, во истиот период - месец октомври загинаа и нашиот пејач Тоше Проески и актерката Долорес Ламбаша.

Имено минатата година во октомври на истиот автопат во сообраќајна несреќа загина хрватската актерка Ламбаша, а Тоше го загуби животот пред шест години на 16.октомври на истиот автопат.

Поради зачестените сообраќајни несреќи овој автопат во медиумите често е нарекуват и „проклет“ и до сега однесе голем број на животи.

14.10.2014 - 09:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега