Косовец нуди милионче за победа над Србија

Бесник Бенз од Косово , сопственик на компанијата „Бенз универзал“ од Швајцарија кој им вети на репрезентативците на Албанија премија од милион евра доколку ја совладаат селекцијата на Србија во Белград, пренесуваат албанските медиуми.
Богатиот гастербајтер е разочаран и од одлуката да нема гостински навивачи во Беглрад и дека секој гостински навивач кој ќе дојде во престолнината на Србија ќе биде уапсен.
„Длабоко сум погоден од реакцијата на државата, која направи голем геноцид над нашиот народ во минатото, а сега не им дозволува на навивачите да присуствуваат на спортски настан, односно нѐ ограничуваат. Поради сето ова, им ветувам на фудбалерите доколку победат ќе им уплатам премија од милиони евра и во исто време ги повикувам сите Албанци да ме поддржат пред дуелот со Србија“, изјави Бесник Бенс за „Газета шип“.
Натпреварот помеѓу селекциите на Србија и Албанија се игра во вторник со старт од 20 и 45 часот.
13.10.2014 - 21:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа