Започна клиничко тестирање на експериментална вакцина против ебола

Започна клиничкото испитување врз луѓе на експeрименталната вакцина против болеста ебола од канадско производство, која ветуваше многу во текот на тестирањето извршено врз примати, изјави денеска министерката за здравтво на Канада, Рона Ембруз.

- Канадската вакцина дава голема надеж, затоа што покажа сто проценти ефикасна во спречување на ширење на вирусот ебола при тестирањето на животни, рече Ембруз и додаде дека денеска ќе почне тестирањето на здрави поединци, за да се види како всушност таа реагира, кои се нејзините несакани дејства и кое е нејзиното правилно дозирање.

Инаку, студиите изработени како резултат на експериментот над приматите, покажуват дека вакцината делува на спречување на инфекцијата кога се дава пред појавувањето на вирусот, но исто така и ги зголемува шансите за преживување, доколку се даде брзо по појавување на заразната болест.

Малата американска компанија „Њу Линк Генетикс“, која има лиценца за вакцината и тестирањето, а би требало да започне со тестовите во лабораторијата во државата Мериленд, рече Ембруз, додавајќи дека резултатите се очекуваат во декември.

„Њу Линк Генетикс“ претходно соопшти дека овој месец ќе изврши најмалку пет клинички испитувања на вакцината, позната какао ВСВ-ЕБОВ, во САД, Германија, Швајцарија и во неименувана африканска земја која досега не се соочила со вирусот на еболата.

13.10.2014 - 20:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега