Слаткаристика со нов сингл - без пцовки порачува „Добро да е!“

  

Вчера, во среда за среќно да му тргне, Слаткаристика го започна снимањето на видео записот за новиот сингл со наслов Добро да е! 

  Песната со позитивна порака нашиот Хип-Хоп артист ја работеше на Хаус звукот од продуцентот Ивајо со кој најавуваат летен хит за сите уши.

  Што е многу чудно за другите, паметно и фино, а различно и поинакво за мене, ова е прва песна во која не пцујам”- изјави Слаткаристика

  Добро да е!е нова, досега не издадена песна од Слаткаристика која ќе се промовира заедно со новиот видео запис кој го работи Томато продукција. Видеото опфаќа интересни ликови и ситуации и се снима неколку дена на различни локации. ТВ промоцијата ја очекуваме за 10тина дена, а спотот ќе има и своја интернет промоција на официјалниот Јутјуб канал на Слаткаристика и на неговата ФБ Фан страна.

 

  За Добро да е!

 

најчитано сега