Ќе почне обештетувањето на штедачите на Тат

Повеќе од 6 илјади штедачи во наредните неколку дена ќе добијат по 1 отсто од своите признати штедни заштеди, кои ги изгубија по пропаѓањето на штедилницата и менувачницата ТАТ Битола. Како што пишува Нова Македонија, по продажбата на златото и златниот накит на Соња Никoловска, кој со правосилна судска пресуда  им беше доделен на штедачите, за нешто повеќе од 150.000 евра и со средствата од продажбата на хипотеките стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски и стечајниот судски совет  донесоа одлука да им  исплатат на “татовци“ по 1 отсто од штедните влогови.

За обештетување на штедачите ќе бидат издвоени над 15 милиони денари, а со ова обештетување ќе бидат опфатени над 6.000 штедачи.

13.10.2014 - 10:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега