Вистинска драма во Грција- терористи се обиделе да киднапираат крузер полн патници

Во грчкото пристаниште Пиреја, на патничкиот крузер „Коста Магика“ се одвивала драма за која патниците не биле свесни.

Како што јавува Слободна Далмација, грчката полиција на бродот „Коста Магика“ фатила една жена и тројца мажи поради поседување на огнено оружје.

Наводно станува збор за патници кои екипажот на бродот, усидрен во Пиреја, преку разглас безуспешно ги повикувал да се јават на рецепција. Потоа грчките полицајци влегле во нивните кабини каде пронашле поголема количина огнено оружје.

Сопствениците на оружјето наскоро биле пронајдени и уапсени, а бродот од Пиреја тргнал на пат со големо доцнење.

Не е познато чии државјани биле уапсените патници, ниту кои биле нивните намери.

13.10.2014 - 09:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега