Федерер триумфираше на мастерсот во Шангај

 
Швајцарецот Роџер Федерер е победник на тенискиот АТП Мастерс турнир во Шангај, кој се играше за награден фонд од 4,2 милиони долари.
Федерер во финалето го совлада Французинот  Жил Симон во два сета со 7:6 и 7:6. Во првиот сет кој траеше 54 минути, се водеше голема борба. Иако Французинот започна одлично и имаше водство од 3:0, сепак Федерар успеа да го приведе првиот сет до тај-брејк кој го доби со 8:6 за водство од 1:0.
И вториот сет беше налик на првиот. Симон имаше две сет топки на сервис на противникот, но Федерер успеа да се избори за израмнување и нов тај-брејк, кој го доби со 7:2 на поени, за конечни 2:0 во сетови.
Ова беше петта победа за Федерер во седмиот меѓусебен дуел со Симон, кој и натаму останува без трофеј од АТП Мастерс 1000 серијата.
Трофејот во Шангај е вкупно 81-ви во кариерата за швајцарскиот тенисер.
12.10.2014 - 13:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега