Мажот кој со пиштол го нападна Вацлав Клаус доби една година условна казна
Павел Вондроушек кој со пластичен пиштол и пластична муниција пукаше на тогашниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус е осуден на шест месеци затворска казна која му се заменува со условна казна од една година доколку од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Се работи за 27-годишен маж призна дека нападот го планирал кога слушнал дека Клаус ќе го посети местото.
Инцидентот се случи минатата година на отварање на нов мост во Храстава, во северниот дел на земјата. Напаѓачот тогаш одблиску, со пластичен пиштол пукаше во рамото на претседателот и четири пати го погоди со пластични топчиња, по што Клаус се здоби со лесни гребаници.