Добра вест за скопјаните без парно - бесплатно приклучете се во мрежата на Балкан Енерџи

 

 

Исклучените потрошувачи од мрежата за снабдување со топлина на Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје,  кои не го искористија правото на бесплатно приклучување заклучно со 1 октомври 2012 година, може да се приклучат на мрежата повторно без надомест.

- Трошокот за услугата за приклучување на потрошувачите, само по основ на монтажа, ќе биде без надомест и е на товар на снабдувачот во моментот на приклучување и нема да му биде наплатен на потрошувачот, доколку не се исклучува во иднина, соопштуваат од компанијата.

Потрошувачот кој ќе добие бесплатно приклучување, при пополнувањето на Барањето за приклучување, должен е да пополни изјава со давање согласност, дека во иднина кога ќе одлучи да се исклучи од дистрибутивниот систем за снабдување со топлинска енергија, ќе го надомести трошокот за исклучување како и трошокот за приклучување, кој во моментов е бесплатен.

Обврска на исклучениот потрошувач е да го обезбедат само материјалот за приклучување радијаторски вентили и други фитинзи или да го набават.

ФОТО: ereporter.com.mk

најчитано сега