Грижата за децата е врвен приоритет - проектите продолжуваат!

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во свои раце ги презеде сите можни начини преку кои може да им се помогне на децата.

Така, минатата недела, откако беше гостин на патронатот во Домот за деца без родители и родителска грижа „11-ти октомври“, веднаш замина да направи уште повеќе. Тој потпиша Меморандум преку кој децата од социјално ранливите категории бесплатно ќе спортуваат.

А проектите се многубројни. На прашање на Курир во врска со сите овие проекти и неговата неуморна работа кога станува збор за деца, Спасов одговара дека ваквите чекори продолжуваат.

-Целта е со најразлични проекти и со најразлична поддршка од најразлични институции и субјекти да им овозможиме што е можно поголема поддршка, особено на децата без родители и родителска грижа. Изминатиот период се реализираа голем број проекти коишто се во насока на значително зголемена поддршка пред се од државата, но и од останатите субјекти. И понатаму продолжуваме со проектот Д-10, којшто е насочен за вработување на децата без родители и родителска грижа, односни лицата кои имале таков статус до 18 години за вработување во државната и во јавната администрација. Досега, заклучно со минатата година, се вработија вкупно 83 лица коишто имале статус на деца без родители и родителска грижа до 18 години во јавната администрација. Повеќето од нив работат и во Министерството за труд и социјална политика, а дополнително преку Агенцијата за вработување реализираме посебна мерка на субвенционирање на вработување на лица коишто имале статус на деца без родители и родителска грижа, меѓутоа и за млади луѓе коишто се од категоријата на семејства кои што се приматели на социјална парична помош. Тоа е во насока на обезбедување на постојана егзистенција и работа за децата од овие категории на семејства, како и за лицата коишто имале статус на деца без родители до 18 години. Исто така, продолжуваме и со финансиската поддршка за сите оние кои се запишуваат во високо образование на дипломски и постдипломски студии со 24.000 денари месечна парична помош од страна на Министерството.Дополнително, зголемена е и еднократната парична помош за кога ќе наполнат 18 години и ќе го напуштат домот за згрижување да можат да добијат парична помош од 3.000 евра, за разлика од минатото кога беше значително пониска оваа парична помош.Исто така, продолжуваме и со зголемена поддршка на згрижувачките семејства кои згрижуваат значителен број на деца без родители и родителска грижа во нашите семејства и повеќе од самите институции.Продолжуваме и со поддршката на згрижувачките семејства во Детско село, каде што сите се финансираат и практично добиваат парична помош од страна на Министерството за труд и социјална политика, рече Спасов.

Спасов потенцира дека продолжуваат и голем број на други проекти коишто се насочени навистина кон најразличен вид на поддршка за децата од ранливите категории на семејства.

12.10.2014 - 11:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега