ВМРО - ДПМНЕ го честита Денот на народното востание

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник, Денот на народното востание, 11 Октомври.

- Македонија пред 73 години обединето се крена за своја национална слобода и за своја државност.Мотивот за народното востание беше свет, да се избори слободата, вечниот стремеж на генерации македонски херои. Саможртвата и идеалите на борците се должни за почит и од нас и од сите идни поколенија, но и завет да ја продолжиме нивната голема мисла и дело, стои во честитката од ВМРО - ДПМНЕ.

По повод Денот на народното востание, во честитката од ВМРО - ДПМНЕ се посочува дека 11 Октомври беше  и останува еден од симболите на македонскиот непокор. Сонот за слобода на татковината кој живееше со векови се разгори во општонародна борба до конечната цел, извојување на победа, слобода и  достоинство на нашиот народ, стои во честитката од ВМРО - ДПМНЕ.

11.10.2014 - 12:56


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега