Телефонот не престанува да ѕвони - „Ало докторе“ им помага на граѓаните

На телефонската линија за медицински совет на граѓаните „Ало докторе“ за изминатите два дена со пресек до 22 часот имаше вкупно 258 повици, соопшти денеска ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје.
Јавувањата на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ се од граѓаните од сите градови на Македонија. Вкупно 17 доктори-специјалисти се достапни за медицински совет 24 часа во кол центарот на „Ало докторе“.
Од 18 до 22 часот во кол центарот на „Ало докторе“ денеска ќе биде дежурна директорката на клиниката за ендокринологија проф.др. Славица Страткова-Шубеска, а утре за медицински совет ќе биде достапен директорот на ургентниот центар др. реџеп Селмани.
11.10.2014 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа