Добри вести за викендов
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер, по одделни котлини претпладне со појава на магла.
Температура ќе се движи од 19 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Температурата ќе достигне до 24 степени.
Следува период на стабилно, суво и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.
11.10.2014 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа