ФОТО: Тримесечно бебе само на улица во центарот на Скопје - мајка му го оставила и заминала

Тримесечно бебе било оставено на улица во Скопје. Очевидци велат дека мајката од ромска националност на возраст не повеќе од 15 години години, го оставила бебето за да проси и си заминала. Ја немло повеќе од половина час, по што случајни минувачи повикале полиција, која веднаш дошла на лице место заедно со претставници на социјалните служби. 
Според неофицијалните информации, бебето е згрижено во Домот за новороденчиња во Битола, а против малолетната мајка ќе биде поведена соодветна постапка.

За информацијата, со оглед на тоа што ја добивме доцна вечерва, не успеавме да добиеме официјална потврда од надлежните органи.

10.10.2014 - 23:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега