Починатиот Британец во скопскиот хотел е познат бизнсмен - носел странски инвестиции во Македонија

Колин Џефри роден 1956 година e британецот кој што почина во Скопје со симптоми на ебола. Тој е поранешен директор за стратешко планирање во Џонсон Мети и прв човек на  Советот за странски инвеститори во Македонија. Живеел во Кембриџ, оженет е и татко на три деца.

Во Македонија бил дојден на 2-ри овој месец заедно со неговиот пријател Мајкл Инглиш, кој во овие моменти се наоѓа во карантин во хотелот Супер 8, во ТЦ Мавровка. Инглиш и Џефри биле дојдени во Македонија да најдат инвеститори за проект за рибник во близина на Охрид.

Мајкл Инглиш, неговиот пријател, за Телеграф раскажува за здравствените проблеми на неговиот сопатник.

-Два дена не се чувствуваше добро. Имаше температура, но не сакаше да оди на лекар. Утрото кажа дека му е подобро. Се договоривме да се чекаме долу во хотелот во 12 часот. Се јави и кажа дека не се чуствува добро, му се тресеа рацете. Беше целиот збунет. Од хотелот викнаа амбулантна кола. Пиеше алкохол, но не повеќе од другите. Двајцата работевме во Џонсон Мети. Џефри се пензионираше пред една година. Фрустриран сум, требаше утрово да патуваме за Велика Британија, изјави пријателот.

Инглиш во разговорот тврди дека неговиот пријател пиел алкохол но не повеќе од сите други. Тој е убеден дека Колин не бил заразен со ебола, а последен пат во Африка бил пред шест години.

10.10.2014 - 21:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега