Лабораториските резултати од починатиот британец утре

Британскиот бизнисмен и поранешен директор во Џонсон Мети, Џефри Колин, кој воедно беше и прв човек на Советот за странски инвестиции во земјава, почина на 58 годишна возраст, а надлежните се сомневаат дека станува збор за ебола но засега нема да прават обдукција на телото додека не пристигнат резултатите од германската лабораторија. Истите се очекуваат да бидат готови и стигнати во Македонија утре. 
 
Од МЗО смируваат и велат дека нема простор за паника поради изолираноста на случајот. Ниту еден друг од гостите во хотелот и персоналот каде бил сместен Колин не бил заразен со ебола. 
 
Хотелот останува под изолација се додека не бидат целосно извршени потребните анализи. 
 
Причина за нова посета на земјава од британскиот бизнисмен биле бизнис контакти –бидејќи   барал инвеститори за рибник во близина на Охрид. Тој живеел во Кембриџ и бил татко на три деца. Надлежните во земјава по смртта на Британецот,  ги засилуваат  мерките за заштита на граничните премини и аеродромите , поради враќањето на македонските граѓани од аџилак. Тие ќе  ќе бидат под медицински надзор 21 ден.
 
БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ВКЛУЧЕНА ВО ИСТРАГАТА 
 
Британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, денеска издаде соопштение околу смртта на нивниот државјанин Колин Џефри и сомнежите дека тој починал од ебола. 

„Во врска со барањата на медиумите би сакале да информираме дека можеме да ја потврдиме смртта на британски државјанин во Република Македонија на 9 октомври. Во овие тешки моменти им изразивме сочувство на семејството и им обезбедуваме конзуларна поддршка. Имаме тесна соработка со нашите партнери од македонската влада по ова прашање, кои водат истрага за случувањата. Исто така, ние сме во комуникација со други британски државјани кои се засегнати од овој тажен настан“, пишува во соопштението на амбасадорот Гарет.

10.10.2014 - 20:07


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега