Зидан пред суспензија - Французинот го водел Реал Мадрид без лиценца

Француската фудбалска легенда и сегашен теренер на Реал Мадрид, Кастиља Зинедин Зидан се соочува со казна од три месеци. Причината за евентуалната суспензија е тоа што Зидан досега ја предводел екипата без потребната лиценца.
 
Како што пренесува шпанскиот весник „АС“, одборот на тренерите на шпанскиот фудбалски сојуз по приговорите од неколку тренери, дал предлог за казна за Зидан.
 
Реал Мадрид има 10 дена да одговори по писмото доставено до нив. Но, Зидан додека не биде одредена евентуалната казна ќе може да ја извршува тренерската функција. Доколку биде изречена казна, Зидан има право на жалба.
 
Екипата на Реал Мадрид Кастиља се натпреварува во втората шпанска лига, а претходно Зидан беше дел од стручниот штаб на европскиот шампион Реал Мадрид, кај тренерот Карло Анчелоти. 
10.10.2014 - 19:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега