Богданци одбележа 70 години од ослободувањето

Општина Богданци денеска со пригодна програма одбележа 70 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор. 

Делегации од локалната самоуправа, Сојузот на борците, претставници на пензионерите, политичките партии, бизнис-заедницата и граѓански здруженија положија цвеќе пред спомен-бистите на паднатите борци.

- Горди сме што живееме слободно, затоа што народ без слобода е роб на времето и историјата. Ние, нивните потомци, никогаш нема да ја заборавиме нивната борба, пожртвуваност да се стигне до слобода, до достоинството што го заслужува секој народ. Должни сме пред нивните дела и благодарни што денеска чекориме по патот на нивниот сон за слободно Богданци, рече градоначалничката на Богданци Анастасија Олумчева во своето обраќање.

Прославата на општинскиот празник заврши со врачување благодарница за Илија Тумбов, за неговиот придонес во организирањето на медиумскиот простор во општина Богданци.

10.10.2014 - 17:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега