Ѓоковиќ полуфиналист во Шангај

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ (Србија) се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај, Кина. За нешто повеќе од еден и пол час игра Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Давид Ферер со 2-0, по сетови 6:4 и 6:2.

Уште на стартот Србинот направи брејк, а до крајот на првиот сет беше сигурен на свој сервис и рутинирано поведе со 1:0.

Во вториот сет Ѓоковиќ беше уште поубедлив дозволувајќи му на противникот само два гема.

За пласман во финалето првиот светски рекет ќе се бори со победникот од мечот Рожер Федерер (Швајцарија) – Жилиен Бенето (Франција).

10.10.2014 - 15:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега