Сите кои бараат работа во вторник ќе имаат можност да ја добијат во СЦ Борис Трајковски

Во вторник, Скопје ќе биде домаќин на првиот Саем за вработување во Република Македонија кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски”. Ќе бидат присутни повеќе од 80 компании од Републиката, со цел нивно доближување до граѓаните и можност да пронајдат кадар кој би бил соодветен за отворените работни позиции во истите.

-На наше огромно задоволство, во вторник сите оние кои активно бараат работа и сакаат да се запознаат со можностите понудени на пазарот на труд, истото ќе можат да го сторат во СЦ „Борис Трајковски“, на првиот Саем за вработување. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10 до 19 часот, а веруваме дека одзивот ќе биде голем, пред се поради фактот дека на истиот ќе бидат присутни најголемите работодавци во државата, воедно најуспешните македонски и странски компании, изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Република Македонија.

На Саемот, ќе бидат застапени компании од различни категории, се со цел овозможување богата понуда за што поголем број профили и струки. Во состав на саемот, посетителите ќе можат да слушнат и интервјуа со претставници на истите, кои ќе се одвиваат на главната сцена.

10.10.2014 - 15:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега