Здружението на судии не ги оправдува евентуалните пропусти на приведените судии

 

Здружението на судиите на Република Македонија не ги оправдува евентуалните пропусти на приведените судии  од Oдделот за прекршоци на Основниот суд Скопје 1 Скопје и смета дека пропустите треба правилно да се утврдат и да се определи нивниот карактер, односно дали се тие од кривично – правен аспект или од друг вид поврзани со вршењето на судиската функција согласно Законот за судовите, Законот за Судски совет и Кодексот на судиска етика за судиите на Република Македонија.

Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ на денешната седница апелира да се почитува законот при спроведувањето на постапката за евентуалната нивна одоговорност, а особено  одредбите кои се однесуваат на законски дефинираните права и обврски,  со цел да се обезбеди владеење на правото и почитување на принципот на правната сигурност вклучувајќи и почитувањето на дигнитетот и интегритетот на судиите во вршењето на судската функција.

- Здружението на судиите на Република Македонија истакнува дека одговорноста на судиите од Одделот за прекршоци од Основниот суд Скопје 1 Скопје не може да се гледа и процесуира надвор од оценката за објективните услови во кои тие работеле и постоечкиот начин на организацијата на работата во судот, се наведува во соопштението од Здружението на судии на РМ.

Од Здружението на судиите напоменуваат дека ниту еден од приведените судии кои со одлука на Судскиот совет сега се веќе и привремено оддалечени од вршењето на судиската функција, се нема обратено до Здружението во врска со настанот, а посебно не за начинот на кои се приведени. 

10.10.2014 - 14:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега