Горбок: „Комитите“ ќе бидат нашиот седми играч против Рајн-Некар

Во недела екипата на Вардар се наоѓа пред еден од најголемите предизвици против тимот на Рај-Некар Ловен. Натпреварот ќе се игра во рамки на третото коло од ЛШ. 

Минатата сезона Рајн-Некар, беше познат по фантастичниот меч против Барселона, кога за малку фалеше да направи сензација и да се пласира во фајнл-фор. Ваквите спомени се уште му се свежи на новиот „вардарец“, Сергеј Горбок. 

-Тие се мои пораншни соиграчи, ги знам и послабите и посилните страни на Рајн-Некар, но за тоа ќе разговараме на тренинг. Тоа е многу добра екипа и ќе биде тешко, но искрено ние сме подготвени, ги имаме „Комити“, имаме нова сала и мислам дека Македонија и Вардар ги очекува еден од најдобрите натпревари, изјави Горбок.

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн-Некар ќе биде меч на колот според ЕХФ, а се игра в недела во 19:30 во СЦ „Јане Сандански“.

10.10.2014 - 14:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега