Искористете го сонцето - скопската зоолошка ве кани на забава

Овој викенд, се реализира претпоследното издание на фестивалот кој децата покажаа дека навистина им се допаѓа - Детскиот ЗОО Фест во Зоолошката градина во Скопје. 

Детскиот ЗОО фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава, но и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња” и едукативно катче каде се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните. Дополнително, сите деца ќе имаат можност да присуствуваат на демо час по англиски јазик според програма за рано изучување на истиот.

Стартот е во Сабота во 12 часот.

10.10.2014 - 14:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега