Трогателно: Отворено писмо на мајка за својот син наркоман

Една мајка која се мачела гледајќи го својот син како тоне во зависноста долго време се обидувала да си ја искаже својата тага и мака, па решила да му напише отворено писмо.

-Јасно се сеќавам на твоето раѓање. Ми пукна плодовата вода и ти се роди следното утро, во 3:50, тежок само 3,2 килограми. Кога за прв пат те земав во раце, го здогледав најсовршеното и најпрекрасно суштество. Сè останато и сите останати изгледаа валкано, но ти изгледаше и мирисаше перфектно. Те сакав безрезервно од првиот момент. За време на твојата адолесценција, стана многу проблематичен. Немирите помеѓу тебе, татко ти и мене, дури сега разбирам, имаа длабоко и трајно влијание врз тебе. Заради тоа ми е искрено жал. На твои 16 години изгледаше изгубено. Се отсели - сакаше да бидеш самостоен и независен. Не те запрев, затоа што беше тешко да се живее со тебе. Гледав како растеш. Те гледав како се мачиш со својата длабока завист од нелегални супстанци. Но ги славев родендените на твоите деца. Уживав во начинот на кој му се препушти на татковството, се воодушевував на твоите способности, твојот темперамент, смиреност и добрина. Тогаш наидоа црни облаци: проблеми со пари, прекин на твојата врска, предозирање, хаос и осаменост. И конечно, сфаќањето дека ти, мојот сакан син си зависник од хероин и крек. Во последните 3 години гледав како се уништуваш. Понекогаш не можев да го поднесам тоа. Но денес бевме во пералната и поминавме некое време сами. Вилицата ти беше скршена заради тепачката во која западна пред неколку седмици. Беше слаб, ковчест и мирисаше непријатно. Ја наполнивме машината со облека. Твојата облека беше ишарана со капки крв и како мапа покажуваше каде си го забодел шприцот до сега. Рече дека ти треба нова облека, дека ќе одиш на третман во центар за одвикнување. Тоа е единственото што сакав да го слушнам. Но не си дозволувам премногу да се надевам. За тоа не се зборува кога поминуваме време на само. Одиме на кафе, малку зборуваме и се смееме заедно. Те препознавам во тие моменти на трезвено и нормално однесување, па морам да ги зграпчам.   Тоа се добри моменти. И кога ќе се одвоиме, постојано мислам на тебе.

Со љубов,

Мама“

 

10.10.2014 - 12:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега