Едно лице загина во поплави во Џенова

Еден маж загина во поплави, кои ја зафатија Џенова, откако синоќа овој италијански град беше погоден од невреме, јавија локалните медиуми. 

Телевизиите емитуваа снимки на кои се прикажани поплавите предизвикани од поројните дождови, придружени со силен ветер, кои синоќа го погодија овој северниот пристанишен италијански град. 

Причинета е голема материјална штета, откорнати се дрва, електрични столбови, оштетени се автомобили, а улиците се покриени со кал. 

Телото на 57-годишниот маж е пронајдено во близина на железничката станица Брињоле, во центарот на градот, каде нивото на водата достигна два метри, објавија локалните медиуми, прецизирајќи дека пожарникарите не добиле сигнал дека некое лице е во опасност. 

Дел од квартот е евакуиран поради новите врнежи.

10.10.2014 - 11:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега