Словачка на домашен терен го совлада европскиот шампион Шпанија

 

Репрезентацијата на Словачка го направи најголемото изненадување на синоќешните натпревари од 2.коло од квалификациите за ЕУРО 2016. Словачка го победи европскиот шампион Шпанија со 2:1.

Со голот на Јуриј Кучка во 17 минута Словачка поведе со 1:0, а „црвената фурија“ изедначи на 1:1 преку Пако Алкасер во 82.минута. Конечните 2:1 ги постави Мирослав Штох во 87.минута.

Во рамките на Ц групата Македонија во финишот го скрши отпорот на Луксембург и ја постигна првата победа со 3:2, додека нашиот следен ривал Украина ја совлада Белорусија на гости со 2:0.

Во оваа група на чело на табелата е Словачка со 6 бодови, пред Шпанија, Македонија и Украина со 3, додека Луксембург и Белорусија имаат по 1.

Резултати во Е групата: Англија – Сан Марино 5:0, Литванија – Естонија 1:0 и Словенија – Швајцарија 1:0.
Табела: Англија 6 бодови, Литванија 6, Естонија 3, Словенија 3, Швајцарија 0, Сан Марино 0.

На трите дуели во Г групата беа постигнати следниве резултати: Лихтенштајн – Црна Гора 0:0, Молдавија – Австрија 1:2, Шведска – Русија 1:1.
Табела: Русија, Австрија, Црна Гора по 4, Шведска 2, Лихтенштајн 1, Молдавија 0.

Вечерва се играат натпреварите: Летонија – Исланд, Турција – Чешка, Холандија – Казахстан (А група); Белгија – Андора, Кипар – Израел, Велс – Босна и Херцеговина (Б група); Бугарија – Хрватска, Италија – Азербејџан и Малта – Норвешка (Х група).

10.10.2014 - 10:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега