Сомнежи за појава на ебола во Северен Кипар

Властите на Северен Кипар се во состојба на зголемена готовност поради случајот на лице за кое постојат сомнежи дека е заразено од ебола. 

Според кипарскиот весник на турски јазик „Хавадис“, студент од Того манифестирал симптоми на вирусот и бил одведен во болница во градот Фамагуста во турскиот дел на островот. 

Момчето потоа е одведено во изолиран дел во болница во Никозија, каде е ставено во карантин.

Резултатите од анализите се очекуваат следните денови. 

10.10.2014 - 09:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега