Утрото облачно потоа ќе „пука" сонце

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на ниска облачност и магла.

Утринската температура ќе се движи од девет до 13, а дневната од 20 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Следува период на стабилно, суво и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

10.10.2014 - 08:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега