Народниот театар од Битола на фестивалот „Манифест“ во Русија

Народниот театар од Битола вечерва, во Ростов на Дон во Русија, ќе ја изведе претставата „Иванов“ од Чехов, во режија на Александар Бергман во рамки на фестивалот „Манифест“ на кој учествуваат и руски, но и театри од Израел, Белорусија, Грузија и Холандија.

Веднаш по доаѓањето од Русија, на 15 октомври, дваесетчлената актерска екипа заминува за Kина, каде што во Пекинг ќе настапат на интернационалниот фестивал за големи драмски класици. Таму ќе ја одигра претставата „Хенри Шести“, работена по Шекспир, а во режија на Џон Блондел, со која гостуваа и во лондонскиот театар „Глоуб“ пред две години.

Ова е возвратна посета за гостувањето на театарот од Пекинг на „Шекспир фестивалот“ лани во Битола.  Гостувањето во Кина ќе трае од 15 до 21 октомври, а претставата „Хенри Шести“  ќе биде изведеба два пати, на 17 и 18 октомври.  Битолскиот театар е единствениот од Балканот кој ќе гостува на фестивалот во Пекинг.

Гостувањата на Битолскиот народен театар се дел од програмата за одбележување на 70-годишнината од постоењето на оваа најстара македонска театарска куќа.

09.10.2014 - 18:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега