Го шокираше светот: "Јас сум Теа, имам 12 години и ќе се мажам!"

Како што најавила на својот Фејсбук профил, дванаесетгодишната Теа од Норвешка во недела на 12 октомври ќе го рече своето судбоносно „Да“ со човек кој има 37 години. Дванаесетгодишната Теа е првата „мала невеста“ во Норвешка.

Ова девојче отворило и свој блог и Фејсбук профил во кој почнало да ги изнесува сите детали во врска со подготовките за свадбата, но и се исповедува за тоа како се чувствува, како гледа на својот вереник, што очекува од бракот и првата брачна ноќ. Или барем сакала вие во целата оваа приказна да поверувате, да се тргнете и добро да размислите за тоа што се се случува на овој свет на недолжните деца.

Верувале или не, такво нешто може да се случи и во најцивилизираните друштва па дури и на некое девојче кое го знаете!

Секој ден во присилен брак завршуваат 39,000 девојчиња на планетава.

09.10.2014 - 11:19


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега