Поглаварот на ИВЗ носи часовник вреден 35.500 евра?

 

Исклучително вреден и скап швајцарски часовник марка „ролекс“ на својата рака носи поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи. Според тоа што го забележавме при неодамнешното упатување на бајрамската честитка, се работи за часовник што овој реномиран производител го нарекол Yacht-master II 44mm и претставува комбинација од челик и злато, пишува Дневник.

Поради сето тоа, тој е исклучително скап примерок дури и во споредба со другите модели зад кои стои швајцарската фирма, а кои се движат од неколку илјади до повеќе десетици илјади евра. Овој модел може да се купи по цена од 35.500 евра. Толкава цена, имено, е наведена во каталогот на белградската фирма Petite Geneve Petrovic, која е застапник за продажба на разни модели на швајцарската фирма во Србија. Часовникот што на својата рака го носи реисот Реџепи сосема е идентичен по својот изглед со тој што оваа позната српска фирма го нуди на продажба.

Сепак, останува дилема дали тој е оригинален модел или се работи за негова копија. Во кабинетот на реисот вчера не добивме одговор дали часовникот е оригинален и од кога тој го поседува. Ако часовникот не е оригинален, односно, е нелегален модел на „ролекс“, сопственикот има обврска да го пријави кај надлежните органи што се занимаваат со заштита на индустриската сопственост, пишува Дневник.

Во неодамнешната анкета на „Дневник“ во која поглаварите на верските заедници и религиозни групи во земјава беа прашани колкаво лично богатство имаат, од ИВЗ не ни беше доставен одговорот за материјалната состојба на реисот. Исламското учење инаку не им забранува на своите верници и функционери во верските заедници да имаат и поголем личен имот, кој треба рационално да се користи. Истовремено, секој исламски верник секоја година има обврска да плаќа верски данок, кој се нарекува зекат и кој изнесува 2,5 процента од добивката што ја имал изминатава година.

09.10.2014 - 10:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега