Филе со јасна порака: Опозицијата да се врати во Собранието

 

Партиските се ставени пред националниот интерес и бараме и очекуваме Владата и опозицијата во Македонија да бидат одговорни, политичката дебата примарно да ја одвиваат во парламентот и да придонесат за креирање услови за функционирање. Ова го порача еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, на неговиот настап пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Во однос на извештајот за нашата земја, кој содржи нова, шеста по ред препорака за започнување на пристапните преговори, Филе рече дека е факт оти пристапниот процес кон Европската унија е во ќор-сокак за земјата. Тој истакна дека Брисел е загрижен за враќањето назад на земјата во клучни области за реформи оваа година.

- Потребно е да се превземат одлучувачки чекори за решавање на прашањето за името со Грција. Процесот во рамки на Обединетите нации за решавање на ова прашање трае 19 години. Еврокомисијата ја продолжува својата препорака за да се отворат пристапните преговори, бидејќи преку високата посветеност, земјата ги исполнува потребните политички услови, посочи Филе. Сепак, комесарот побара од Скопје да превземе реформски акции, со цел Еврокомисијата да ја задржи препораката и во иднина.

Говорејќи генерално за процесот на проширување за време на неговиот комесарски мандат од пет години, кој завршува на крајот на овој месец и тој ќе биде заменет со Австриецот Јоханес Хан, Филе истакна дека освен борбата со заморот за проширување, тој имал за противник и друг феномен, а тоа е заморот од реформи. Чешкито политичар посочи пред европратениците дека тој се обидел да биде креативен, да поставиме специјална структура за посветеноста на земјите-кандидат, како што се Пристапните дијалози на високо ниво.

- Една од пораките до мојот наследник е не само најдобро да ги искористи истите, туку да биде повеќе присутен во регионот и да стави поголем фокус во помошта кон земјите-кандидати. Лесно е да се каже дека има европска перспектива и потоа да се остави земјата и целиот регион на некаков процес за да испорачаат резултати. Луѓето таму не сакаат промени за десет или за пет години, туку утре или задрутре, порача Филе.

Она што може да радува е настапот на новиот известувач за Република Македонија од Европарламентот, Иво Вајгл кој при поставувањето на своето прашање не нарекуваше цело време Македонија, за разлика од неговиот прехтодник Ричард Ховит кој ја употребуваше целосната референца од Обединетите нации.

- Очигледно е дека главен проблем на Македонија, која ќе ја нарекувам така оти мојата земја ја има така признаено, прашањето за името креира атмосфера околу идниот европски проспект на оваа земја. Земјата заслужува подобар третман и жалам што морам да потврдам дека она што го има во извештајот за напредокот, а тоа е што сите жалиме што не се отворени преговорите со оваа земја и тоа е причина зошто политичкиот стриминг во земјата не секогаш оди во посакувана насока за земја што има европски амбиции. Говорам за правосудството, третманот на медиумите и за политичката култура во Собранието и некои иритирачки прашања за историјата или псевдоисторијата што е постојано на масата. Треба многу да се стори во иднина, истакна Словенецот Вајгл.

 

09.10.2014 - 10:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега