Уште еден Косовец загина во Сирија

 Косовскиот државјанин од село во близина на Урошевац е убиен на боиштата во Сирија, јави дописникот на МИА.

Веста на семејството им ја соопштил неговиот помал брат, кој исто така бил во Сирија и се борел заедно со него на страната на групата Исламска држава (ИД).

Убиениот, на возраст од 23 години, за Сирија заминал во јуни годинава и со себе ги повел помалиот 18-годишен брат, 20-годишната сопруга и двата сина на возратс од три и една година.

Според изјавата на неговиот татко, пред да заминат според нивното однесување сфатил што се случува, ги пријавил во полиција и од таму им ги одзеле пасошите. Но, тие сепак заминале од,како што подоцна му јавиле, аеродромот во Тирана за Турција.

Тој заминал да ги бара во Сирија за да ги врати, но иако во градот Алепо останал осум дена, не ги нашол.

За нивното заминување во Сирија тој го обвинува имамот Нехат Хисени кого иако го посетиле косовските новинари не сакал да дава изјави.

Претходно, последните денови од септември роднините ја потвдија смртта на еден седуманесетгоидшник од село кај Гњилане, кој исто така загинал на боиштата во Сирија.

09.10.2014 - 09:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега