Ливерпул ќе го ангажира Виктор Валдез!?

Шпанскиот голман Виктор Валдез кариерата ќе ја продолжи во Англија, во редовите на Премиер лигашот Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.
 
Според медиумите на островот, поранешниот голман на Барселона и репрезентативец на Шпанија, Виктор Валдез веќе ги договорил сите услови за неговиот ангажман на „Енфилд“ па во наредните две седмици се очекува договорот да биде официјализиран.
 
Валдез кој 12 сезони мина на „Камп Ноу“ имаше 535 настапи за шпанскиот гигант Барселона, клуб со кој освои и шест титули во Примера и три трофеи во Лигата на шампиони.
 
Шпанскиот репрезентативец кој има статус на слободен играч, е надвор од фудбалските терените од март годинава, кога се здоби со повреда на вкрстените лигаменти на десното колено.
 
Алгискиот премиер лигаш Ливерпул, веќе го доведе Италијанецот, Марио Балотели, додека во зимскиот преоден рок најавено е и доаѓањето на Французинот, Карим Бензема. 
08.10.2014 - 18:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа