Ослободени твитерџиите кои ги поттикнале насилствата во Турција

 

Обвинителството во Турција донесе одлука за ослободување на 33 од вкупно 34 демонстранти кои беа приведени поради сомнение дека преку социјалната мрежа Твитер ги поттикнале немирите кои се случуваат во Турција.

Полицијата се уште трага по четири лица, осомничени за поттикнување на немири преку социјалните мрежи.

Инаку, лицата беа уапсени под сомнение дека од почетокот на протестите, кои започнаа како израз на незадоволство од проектот за реконструкција на истанбулскиот парк Гези, преку социјалните мрежи поттикнувале на насилство за време на протестите.

најчитано сега