'Сам дома' во реалниот живот - храбро 10 годишно момче успеало да се справи со двајца крадци

Родителите на едно 10-годишно момче од Њујорк треба да се многу горди бидејќи нивното мало дете успеало само да се справи со крадци кои влегле во нивната семејна куќа.

Се работи за 10-годишен Американец во чија куќа влегле крадци додека неговите родители не биле дома. Тој откако сфатил дека во неговиот дом има двајца непознати мажи се сокрил во својата детска соба. Крадците успеале да го фатат неговото братче и да го држат како заложник во дневната соба. 

Кога едниот од крадците се качил да ја пребара и детската соба на момчето за да види што може да украде од неа, храброто момченце силно му ја затворило вратата пред носот, а потоа откако крадецот влегол успеал да му го земе пиштолот. 

Дошло до пукање во кое за среќа никое од децата не било повредено.

Идентитетот на малото момче не е откриен, а крадците биле на околу 20-годишна возраст.