Џонсон Мети има потреба од инжинер

Џонсон Мети има потреба од Проектен Инженер за благородни соли кој ќе се придружи на нашиот Оддел за благородни соли во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Позицијата подразбира иницирање, подготовка и водење на проекти за континуирано подобрување на процесите во фабриката.

Дополнително, кандидатот ќе биде одговорен за:

- Водење и учество во проекти за континуирано подобрување преку активно користење и промоција на Lean принципи
- Работа на проекти за дизајн и вршење надзор над соработници и изведувачи
- Организирање и контрола на сите неопходни ресурси (човечки и финансиски) така што барањата на секоја задача да се исполнети
- Да покрене истраги за проблеми во Одделот за благородни соли и да се осигура дека се имплементирани соодветни корективни мерки
-  Обезбедување проактивен и одговорен пристап кон правилата за заштита на животна средина здравје и безбедност при работа во целата фабрика и во секое време, и сл.

Идеалниот кандидат треба да поседува:

- Искуство во производствени процеси, пожелно во областа на хемиската индустрија
- Искуство во работа со проект и вештина и искуство со машинска / механичка опрема
- Високото образование поврзано со технолошко - технички науки, (хемија, машински технолошки) ќе се смета за предност
- Лични карактеристики на само - мотивираност, вештини за комуникација и умешност за разрешување конфликти и решавање проблеми
- Докажани вештини за планирање и организирање, менаџирање на време во брза и комплексна производствена средина
- Компетентен корисник на Microsoft Office и други пакети кои се користат во Џонсон Мети
- Неопходно е владеење на говорен и пишан англиски јазик,

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mal адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ. Во предметот на пораката задолжително ставете го референтниот број на огласот, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година Краен рок за доставување: 16/10/2014.

07.10.2014 - 20:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега