Град Скопје вработува службеници за плата од 24.000 денари

За вработување на 1 државни службеници во ГРАД СКОПЈЕ за следните работни места:
1. Советник комунален инспектор, Одделение за комунална инспекција, Сектор Инспекторат на Градот Скопје

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС Технички науки, општествени науки или природни науки
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- работа со компјутери
- возачка дозвола од „Б” категорија
- Плата: 24.049,00
- Работни часови во неделата: 40 , Работно време од 08:30 до 16:30 , Работни денови: од понеделник до петок

Покрај доказите за исполнување на посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на ГРАД СКОПЈЕ кандидатите треба да ги исполнуват и општите услови за прием на државни службеници, предвидени во член 13 став 2 од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) ден(а), сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 166/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://priiava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 и на интернет локацијатa http://priiava.aa.mk.  

Краен рок за пријавување: 12.10.2014

07.10.2014 - 19:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега